Притвор за возачот што прегази девојка кај „Сити Мол“

by Фокус

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец Ј.Ѓ., кој со возило Цитроен ја прегази 24-годишната девојка од Радовиш на прешачки премин кај „Сити Мол“.

„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.“, велат од Обвинителството.

Поврзани новости