ВИДЕО Владина криза во Црна Гора, Абазовиќ во судир со демонстранти

by Фокус

Вицепремиерот и лидер на УРА, Дритан Абазовиќ, се соочил со демонстрантите кои протестираа пред зградата на Радио Телевизија Црна Гора.

Полициски сили се собрани околу зградата на црногорската телевизија, кои го штитеа Абазовиќ од обидите на некои демонстранти да дојдат до него.

Протестите се резултат на владината криза, која настана откако Абазовиќ поднесе иницијатива за уривање на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, а Кривокапиќ поднесе иницијатива за негова смена.

Абазовиќ пред приврзаниците на Кривокапиќ порачал дека нема да има предавства и дека ќе се зачува изборната волја на граѓаните.

Притоа, тој посочил дека Демократска Црна Гора го напаѓа безбедносниот сектор на таа земја и ги обвини дека со своите постапки не даваат можност полицијата да има поголеми резултати во борбата против криминалот.

Тој рече дека никој не може со врева, викање и примитивизам да влијае на коалицијата што ја води и дека одлуките ќе ги носи автономно.

Инаку, црногорската здружена опозиција на последните избори тесно го победи фронтот на актуелниот претседател Мило Џукановиќ.

Поврзани новости