Притвор за возачот што ја прегази новинарката

by Фокус

Скопјанецот кој со возило ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска ќе биде притворен откако судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежниот обвинител да му се одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Тодоровска Павловска почина на лице место, откако во неа со сета брзина удрил автомобилот марка Опел-Корса. Возилото кое со огромна брзина се движело по улицата „Васил Ѓоргов“, излетало од коловозот и преку тротоарот, по кој се движела Павловска, се забило во еден од излозите на продавниците во зградата од спротивната страна.

Како што претходно информираа од јавното обвинителство, според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.

.

Поврзани новости