Викиликс: Македонската царина набавува опрема за прислушување во време на афера

by Фокус

Македонската царина набавува опрема за следење и за прислушување, односно за спроведување посебни истражни мерки (ПИМ), може да се види од е-мејл комуникацијата меѓу претставник на фирмата „Навајо технолоџис“ и италијанската „Хакинг тим“, чии мејлови,  што можат да се пребаруваат,објави Викиликс, а пренесе агенцијата Мета.

Според она што може да се види извесен Александар Чоковски, директор во одделот за бизнис на „Навајо технолоџис“, на 30 јуни, оваа година му испраќа е-мејл на извесен Масимилиано Лупи, менаџер во одделот за големи корисници на „Хакинг тим“, и го известува дека „неговата компанија, која ја снабдува македонската влада со ИТ-опрема за безбедносни потреби, сега добила барање да набави добра опрема за следење за потребите на царината.

„Нивните потреби не се толку големи колку тие на полицијата или војската, но според законот и тие можат да спроведуваат посебни истражни мерки“, се вели во дел од мејлот на Чоковски од „Навајо технолоџис“, во кој на крајот се додава дека Царината во моментот била во фаза на подготовка на буџетот и бара од врската во „Хакинг тим“ да му каже „кои дополнителни податоци ќе му бидат потребни и како да продолжат“.

Масимилијано Лупи одговара уште наредниот ден, односно на 1 јули, и бара подетални информации околу буџетот, како и можност за состанок со купувачот, на кој, како што вели, ќе може да ги презентира способностите на нивната технологија.

Од „Навајо технолоџис“, според мејлот, одговараат дека не станува збор за јавен тендер и им е потребна информација колку отприлика ќе чини опремата за да можат да притискаат за одобрување на повеќе пари, односно за повисок буџетски лимит.

За средба со купувачот, во мејлот од македонската фирма се вели дека таа би имала смисла само откако ќе се спогодат за цената, односно откако „ќе утврдат дека се вклопуваат во нивниот (на купувачот) замислен буџетски трошок“.

Компанијата „Навајо технолоџис“ е меѓународна компанија која работи на продажба на хардвер за заштита на комуникацијата на интернет. Компанијата има седишта во Унгарија и во Македонија.

Интересно е што, според адресата од е-мејлот на Алексндар Чоковски, се гледа дека во Македонија, фирмата е регистрирана на улицата Димче Мирчев број 20. Станува збор за зградата спроти Министерството за внатрешни работи, во која, според опозицијата, и како што можеше да се чуе во дел од објавените „бомби“, станови имаат поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, а наводно и други функционери и политичари блиски до владејачката партија.

Инаку, набавката на опрема за спроведување на ПИ-мерки од Царината, за која станува збор во комуникацијата објавена на „Викиликс“, доаѓа среде можеби најтешката политичка криза во земјата, за која една од клучните координати беше аферата „Прислушување“, во која опозицијата објави материјали, кои наведуваат на злоупотреби на опремата за прислушување од власта и од нејзините служби.

поред она што може да се види од преписката, извесен Александар Чоковски, директор во одделот за бизнис на „Навајо технолоџис“, на 30 јуни, оваа година му испраќа е-мејл на извесен Масимилиано Лупи, менаџер во одделот за големи корисници на „Хакинг тим“, и го известува дека „неговата компанија, која ја снабдува македонската влада со ИТ-опрема за безбедносни потреби, сега добила барање да набави добра опрема за следење за потребите на царината.

„Нивните потреби не се толку големи колку тие на полицијата или војската, но според законот и тие можат да спроведуваат посебни истражни мерки“, се вели во дел од мејлот на Чоковски од „Навајо технолоџис“, во кој на крајот се додава дека Царината во моментот била во фаза на подготовка на буџетот и бара од врската во „Хакинг тим“ да му каже „кои дополнителни податоци ќе му бидат потребни и како да продолжат“.

Масимилијано Лупи одговара уште наредниот ден, односно на 1 јули, и бара подетални информации околу буџетот, како и можност за состанок со купувачот, на кој, како што вели, ќе може да ги презентира способностите на нивната технологија.

Од „Навајо технолоџис“, според мејлот, одговараат дека не станува збор за јавен тендер и им е потребна информација колку отприлика ќе чини опремата за да можат да притискаат за одобрување на повеќе пари, односно за повисок буџетски лимит.

За средба со купувачот, во мејлот од македонската фирма се вели дека таа би имала смисла само откако ќе се спогодат за цената, односно откако „ќе утврдат дека се вклопуваат во нивниот (на купувачот) замислен буџетски трошок“.

Компанијата „Навајо технолоџис“ е меѓународна компанија која работи на продажба на хардвер за заштита на комуникацијата на интернет. Компанијата има седишта во Унгарија и во Македонија.

Интересно е што, според адресата од е-мејлот на Алексндар Чоковски, се гледа дека во Македонија, фирмата е регистрирана на улицата Димче Мирчев број 20. Станува збор за зградата спроти Министерството за внатрешни работи, во која, според опозицијата, и како што можеше да се чуе во дел од објавените „бомби“, станови имаат поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, а наводно и други функционери и политичари блиски до владејачката партија.

Инаку, набавката на опрема за спроведување на ПИ-мерки од Царината, за која станува збор во комуникацијата објавена на „Викиликс“, доаѓа среде можеби најтешката политичка криза во земјата, за која една од клучните координати беше аферата „Прислушување“, во која опозицијата објави материјали, кои наведуваат на злоупотреби на опремата за прислушување од власта и од нејзините служби.

Според она што може да се види од преписката, извесен Александар Чоковски, директор во одделот за бизнис на „Навајо технолоџис“, на 30 јуни, оваа година му испраќа е-мејл на извесен Масимилиано Лупи, менаџер во одделот за големи корисници на „Хакинг тим“, и го известува дека „неговата компанија, која ја снабдува македонската влада со ИТ-опрема за безбедносни потреби, сега добила барање да набави добра опрема за следење за потребите на царината.

„Нивните потреби не се толку големи колку тие на полицијата или војската, но според законот и тие можат да спроведуваат посебни истражни мерки“, се вели во дел од мејлот на Чоковски од „Навајо технолоџис“, во кој на крајот се додава дека Царината во моментот била во фаза на подготовка на буџетот и бара од врската во „Хакинг тим“ да му каже „кои дополнителни податоци ќе му бидат потребни и како да продолжат“.

Масимилијано Лупи одговара уште наредниот ден, односно на 1 јули, и бара подетални информации околу буџетот, како и можност за состанок со купувачот, на кој, како што вели, ќе може да ги презентира способностите на нивната технологија.

Од „Навајо технолоџис“, според мејлот, одговараат дека не станува збор за јавен тендер и им е потребна информација колку отприлика ќе чини опремата за да можат да притискаат за одобрување на повеќе пари, односно за повисок буџетски лимит.

За средба со купувачот, во мејлот од македонската фирма се вели дека таа би имала смисла само откако ќе се спогодат за цената, односно откако „ќе утврдат дека се вклопуваат во нивниот (на купувачот) замислен буџетски трошок“.

Компанијата „Навајо технолоџис“ е меѓународна компанија која работи на продажба на хардвер за заштита на комуникацијата на интернет. Компанијата има седишта во Унгарија и во Македонија.

Интересно е што, според адресата од е-мејлот на Алексндар Чоковски, се гледа дека во Македонија, фирмата е регистрирана на улицата Димче Мирчев број 20. Станува збор за зградата спроти Министерството за внатрешни работи, во која, според опозицијата, и како што можеше да се чуе во дел од објавените „бомби“, станови имаат поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, а наводно и други функционери и политичари блиски до владејачката партија.

Инаку, набавката на опрема за спроведување на ПИ-мерки од Царината, за која станува збор во комуникацијата објавена на „Викиликс“, доаѓа во време на најтешката политичка криза во земјата и аферата „Прислушување“, во која опозицијата објави материјали, кои наведуваат на злоупотреби на опремата за прислушување од власта и од нејзините служби.

Поврзани новости