Притвор за полицаец кој кажувал на криумчари каде има патроли

by fokus

Полицаец од Неготино доби кривична пријава поради тоа што кажувал на криумчари на мигранти каде има полициски патроли.

„ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член .353 од Кривичниот законик. По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На С.К. му е одредена мерка притвор“, додаваат од МВР.

Поврзани новости