Притвор за малолетник од Ниш кој се заканувал во училишната група на Инстаграм

by fokus

Полицијата во Ниш по наредба на Вишото јавно обвинителство уапсила шеснаесетгодишник од овој град, поради постоење сомнение дека вчера и на трети мај објавил повеќе различни заканувачки пораки во одделенска група на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

– При претрес во станот во кој живее, полицијата пронашла две црни реплики на пиштоли со придружните рамки и кутии. Малолетниот е изведен пред надлежниот судија на Вишиот суд во Ниш, кој му одредил мерка притвор, соопшти полицијата.

Поврзани новости