374
Откако вчера беа приведени две лица за случајот познат како „Фабрика за афери“, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор, информираа од Основното јавно обвинителство.
– Лицето се товари за сторено кривично дело, Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик – се наведува во нивното соопштение.
Тројца од петтeмина лишени од слобода, по оценка на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.