Поранешен министер избран за претседател на Здружението на судии

by Фокус 22:01
22:01

Во рамки на 11-тото редовно Годишно собрание, Здружението на судиите на Република Македонија го избра д-р Џемали Саити за свој нов претседател. Тој доаѓа од редовите на Врховниот суд каде е избран за судија во 2012 година.

Џемали Саити својата професионална кариера ја започнува во 1992 година како новинар во МРТ – Радио Скопје. По една година помината во новинарството, започнува да работи како адвокат, сѐ до 1999 кога е избран за министер за локална самоуправа во Владата на РМ. Оваа  функција  ја извршува до 2001 година.

Новиот претседател на Здружението на судии рече дека во време на чувствителни општествени прилики, целото судство мора да работи обединето за да го сочува својот кредибилитет.

 

ФОТО: Академик

Поврзани новости