Притвор за четворицата осомничени од 27 април кои се во бегство

by Fokus

Четворица осомничени за крвавите настани од 27 април добија 30 дневен притвор,  кој ќе почне да тече по нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Судија на претходна постапка на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Младен Додевски им одреди притвор.

Од Кривичниот суд велат дека известувањето за притворот го доставиле до Обвинителството кое според нив, треба да распише потерница.  Се чека да биде распишана потерница по осомничените лица.

„Решенијата, веднаш по нивното изготвување, од судот се испратени до надлежното обвинителство, а наредба за распишување потерница, согласно одредбите од законот, донесува органот кој jа води постапката“, се вели во соопштението.

 

Поврзани новости