ФОТО Државниот врв и новото лидерство на ВМРО-ДПМНЕ под ист покрив синоќа во Католичката црква

by fokus

Во Католичката црква во Скопје „Пресвето Срце Исусово“ синоќа се одржа Света литургија по повод големиот христијански празник Божиќ, на која присуствуваше државниот врв. До претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, и првата дама, Маја Иванова, седенеше вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Анѓушев предводеше делегација од Владата, во состав заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и советничката на претседателот на Владата за култура Цветанка Ласкова.

На Светата литургија присуствуваше и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Со Светата литургија чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија.

 

Поврзани новости