1K
Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на двајцата осомничени за убиство на хрватскиот ракометар, Денис Тот заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата.
Три лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка.
Осомничени за убиството се 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои го нападнале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите.
Првоосомничениот е се уште во бегство.