Средношколците од Средношколскиот пленум се жалат дека врз нив, но и врз нивните семејства се вршат притисоци пред утрешните протестни маршови кои се закажани во повеќе градови низ Македонија, пренесува Телевизија 24 Вести.
И од Хелсиншкиот комитет за човекови прават велат дека им стигнале поплаки од ученици и нивни родители кои биле мета на закани доколку излезат на маршот. Исти такви поплаки од средношколци од повеќе градови стигнале и до невладината организација Цивил, која најостро го осудува притисокот и црната кампања која се води против оние кои ја даваат поддршката на протестот, бидејќи правото на протест е неприкосновено и заштитено со Устав и закон.
На утрешниот протестен марш кој ќе се случи во повеќе градови, а се очекува најмасовниот да биде во Скопје, учениците ќе и порачаат на власта дека бараат стопирање на новиот модел на државна матура кој вклучува и задолжителна математика и ќе побараат отворање на јавна дискусија за образовните проблеми.