521
На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.
Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава.
„По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации“, се наведува во соопштението.
Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан.