1.2K
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека пристигнале нови вакцини од производителот Фајзер.
„Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска“, напиша тој на фејсбук.
Филипче апелира сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.