Мицкоски: Отворени сме за Левица, па и за БЕСА

by fokus

Фокусирани сме на претстојните локални избори, па затоа уште сега ги повикуваме сите опозициски партии да се приклучат во опозицискиот блок што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој денеска информираше дека дел од политичките партии веќе ја прифатиле понудата, посочувајќи дека и дека две-три партии се уште не донеле конечна одлука.

-Ние сме отворени за разговор со сите политички партии, вклучувајќи ги Левица, Единствена Македонија, Алијанса за Албанците, па дури и БЕСА. Засега не можам да откријам кои политички субјекти ја прифатија нашата понуда да се приклучат во опозицискиот блок. Во втората половина на јуни или во првата половина на јули ќе ја имаме контурата на тој опозициски блок – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ДПМНЕ се уште нема конкретни имиња за кандидати за градоначалници, но патем истакна дека ќе почнат наскоро да ги објавуваат, со тоа што адутот за Скопје ќе го објават последен.

Поврзани новости