799
Повеќе од сто новинари биле следени и прислушувани од страна на македонската тајна полиција, соопшти на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, по што на дел од следените новинари им достави папки со преписки од прислушуваните разговори за кои, според СДСМ, УБК правела извештаи за активностите.
Борјан Јовановски, Биљана Секуловска, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Јадранка Костова, Младен Чадиковски, Оливера Трајковска, Мухамед Зекири, Снежана Лупевска, Насер Селмани, Бранко Героски, Жарко Јордановски, Ирена Мулачка се само дел од стотината следени новинари од страна на тајната полиција.