Британскиот принц Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора, е погребан во кралската крипта во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор.Во согласност со мерките против епидемијата на коронавирус, кои во моментов се на сила во Велика Британија, само членовите на кралското семејство присуствуваа на богослужбата во капелата, вклучувајќи го и принцот Хари, кој заедно со неговата сопруга Меган претходно се оградија од семејство.
Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб.
Тој беше испратен со воени почести, а на неговиот ковчег имаше офицерска капа на Кралската морнарица и меч.
Ковчегот на принцот го носеа претставниците на британската армија од замокот до капелата, а службата ја водел поглаварот на Англиканската црква, архиепископот Џастин Велби.
Ковчегот беше покриен со неговото лично знаме, на чии четвртини се претставени Данска, Грција, благородничкото семејство на Маунтбатен и градот Единбург.
Кралицата Елизабета, која му оддаде последна почит на нејзиниот сопруг, со кого беше во брак повеќе од 70 години, ја придружуваше поворката во возилото. За време на службата во капелата, таа седеше сама, облечена во црно и маска на лицето.Филип почина на 9 април, на 99-годишна возраст.
Роден е во Грција во 1921 година како принц Филип од Грција и Данска.
Откако служеше во морнарицата во Втората светска војна, се ожени со тогашната принцеза Елизабета, која стана кралица пет години подоцна.Во 2017 година, принцот Филип објави дека повеќе нема да ги извршува своите должности како член на кралското семејство.
Тој го дизајнираше својот погреб речиси до последен детаљ.
Во пресрет на погребот на принцот Филип, кралското семејство на својот официјален профил на Твитер објави комеморативно видео монтирано од фотографии, но и една слика на барање на кралицата.