Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот на ССМ

by Fokus

Поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утре од 7 до 10 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“ во Скопје.

Како што соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Поврзани новости