Нова кралска драма ја погоди Бакингемската палата по скандалот со премиерот Борис Џонсон, кој присуствувал на забава ноќта пред погребот на принцот Филип, во екот на најстрогата изолација во Велика Британија.
Принцот Хари предизвика жестока дебата во Кралството по изјавата дека се плаши да ги донесе сопругата Меган Маркл и нивните две деца во Велика Британија… Хари дури побарал и полициска заштита и понудил да плати за тоа при престојот во Обединетото Кралство.
И Хари и Меган го загубија правото на полициска заштита со тоа што се повлекоа од должностите во кралското семејство и се преселија во САД.
Барањето за платено обезбедување предизвика жестоки коментари во британските медиуми, кои случајно открија досега непознат факт, а тоа е дека принцот Чарлс плаќал за лично обезбедување на Камила, неговата сегашна сопруга, која не е омилена во британското општество, откако се откри дека принцот повеќепати со неа ја изневерувал својата покојна сопруга, принцезата Дијана. По смртта на Дијана, тие двајцата се венчаа на скромна свеченост.
Камила, сега со титула војвотка од Корнвол, имала платено обезбедување од 2000 година, кога не беше во брак со принцот Чарлс. Тие се венчаа во 2005, а според извештај од 2002 година, Чарлс лично им плаќал на двајца телохранители кои работеле по осум часа дневно.
Се почести се и гласините за тоа што принцот не ги користи платените услуги на приватните обезбедувачи, туку претпочита да ѝ плаќа на полицијата.