ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори без техничка влада

by Fokus

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ повторно бара брзи избори без техничка влада.

-ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори. Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи, велат од партијата преку соопштение.

Според нив,  до решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.

-Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости