Примислав Димовски – сменет на негово барање или тргнат „на страна“?

by fokus

Началникот на Единицата за интервентан полиција, Примислав Димовски бил прераспределен на негово барање, тврдат од Министерството за внатрешни работи во одговор за „Фокус“, по веста дека Димовски е сменет од началничкото место на оваа Единица.

-Лицето за кое прашувате е на негово барање прераспоредено од Единицата за интервентна полиција. Неговата нова позиција според бројот на бодови претставува унапредување од претходната позиција, велат од МВР за „Фокус“.

Според нашите информации од МВР, Димовски сега ќе биде виш полициски советник во Единицата стратешко планирање стандарди и контрола на квалитет во Бирото за јавна безбедност.

На оваа позиција Димовски може да има повеќе бодови, но нема да биде еден од главните „играчи“ во МВР како досега, кога ја водеше единицата која што настана со спојување на досегашните единици – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости