Прилепчанка починала откако ја прегазил автомобил

by Fokus 11:36
11:36

Седумдесет и едногодишна прилепчанка починала, откако во неа удрил автомобил, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“, С. Т. од Прилеп, управувајќи товарно возило „Киа Бета“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.П. (71) од Прилеп. Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала.  Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.

- Advertisements -

Поврзани новости