Со автомобил удрил во бетонска ограда и веднаш починал

by Fokus
Во сообраќајка загина 49-годишниот Г.Т. од село Петралиници, откако претходно со автомобилот удрил во бетонска ограда, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле, Г.Т. (49) од с.Петралинци, управувајќи патничко возило „Пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда. Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото.

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово.

Поврзани новости