Прилепчани изеле 65.000 сарми

by fokus

За време на големиот христијански празник Свети Никола, прилепчани изеле дури 65.000 посни сарми, 350 килограми риба, 200 килограми грав и 100 килограми маслинки.

Празникот кој во Прилеп десеттина години наназад се слави како патронат на градот, собрал илјадници посетители во центарот, а покрај посните специјалитети. За време на свечениот ручек се испиле 2.000 литри вино и 100 литри ракија. Оваа година домаќин на градската слава беше компанијата ,,Васидора“. Насобраните прилепчани палеа свеќи и се помолија пред параклисот на светецот, а голем број на семејства имале и домашна слава во чест на заштитникот на градот.

В.К.

Поврзани новости