Прилепчани бојадисале маче и го врзале на гробишта

by fokus

Несовесни граѓани на Прилеп бојадисале мало маче со жолта боја, го врзале и го оставиле во близина на ромските гробишта.

Тоа било најдено од средношколката Ристеска Михаела, која го згрижила мачето, а истото било прегладнето и жедно.

„Се уште не знам со каква боја е бојадисано. Го врзале на гробишта и го оставиле“, кратко коментираше Ристеска за „Фокус“.

После ваквата случка, се очекува Анима Мунди да преземе мерки со цел поголема заштита на животните.

Поврзани новости