Миланов: Дурловски не стапнал во прес салата, па затоа не може да се гони за тероризам!

by fokus

Оперскиот пејач Игор Дурловски не стапнал во прес салата во Собранието, туку бил само присутен во пленарната сала и холот на Собранието, каде што немало насилство, па затоа не може да се гони за тероризам.

Ова е дел од воведниот збор на адвокатот Еленко Миланов за неговиот клиент Дурловски, обвинет во случајот “Крвавиот четврток”.

– Ќе докажеме дека Дурловски во Собранието влегува по 30 минути откако толпата народ е веќе внатре. Тој таму е присутен како и голем дел на граѓани. Освен неговото присуство не постои ниту говор на омраза, ниту повикување на насилство. Во пленарната сала нема насилство, па затоа каде е умислата на Дурловски за терористичко делување, истакна Миланов.

Поврзани новости