430
Вчера доцна попладне, полициски службеник бил повреден од врата на „југо“, откако шоферот го стартувал возилото при обид да го легитимираат.
„На 22.08.2019 околу 19.00 чаот на ул.„Браќа Ламескимај“ во Прилеп, при обид на полициски службеници да легитимираат, едно лице кое било во патничко возило „југо“,го стартувало возилото и со отворената врата удрил еден полициски службеник и му нанел повреда на десната рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.