54
На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово-прилепско Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал.
Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп.