Пријавил напад од контролор на ЈСП по недоразбирање околу носење на маска

by fokus

Вчера утрото жител на Батинци пријавил дека бил нападнат од контролор на ЈСП поради недоразбирање околу носење на маска.

„На 15.03.2022 во 07:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.Б.(27) од село Батинци пријавил дека околу 07:00 часот на автобуска постојка на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу носење на маска, бил физички нападнат од Ф.С.(58) од село Страчинци, вработен во ЈСП како контролор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од МВР.

Поврзани новости