498
Вчера утрото жител на Батинци пријавил дека бил нападнат од контролор на ЈСП поради недоразбирање околу носење на маска.
„На 15.03.2022 во 07:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.Б.(27) од село Батинци пријавил дека околу 07:00 часот на автобуска постојка на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу носење на маска, бил физички нападнат од Ф.С.(58) од село Страчинци, вработен во ЈСП како контролор. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од МВР.