341
Повеќе училишта во Белград утринава добиле пријави за бомби, потврди Министерството за внатрешни работи на на Србија.
Екипите на српското МВР се на тереn. Според досегашните информации за српските медиуми пријави стигнале во ОУ „Коста Абрашевиќ“ во Ресник, во ОУ „Јован Миодраговиќ“ во Врачар и ОУ „Лаза Костиќ“ во Нов Белград.
Закани за бомби стигнале и во основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж.
Во основното училиште „Дринка Павловиќ“ утрово добиле информација дека била поставена бомба.
Родителите на децата кои утрово посетуваат настава добија порака да не ги носат децата на настава бидејќи има закана од бомба. На терен е испратена контра-субверзивна екипа на Министерството за внатрешни работи.