Пријавено повредено дете од нападот на Иран врз Израел

by Fokus

Службата за брза помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека нивните медицински лица лекуваат 10-годишно дете во јужен Израел, кое било рането во иранскиот напад.

Детето од бедуинскиот град во близина на Арад, е во критична состојба, информира МДА.

Не е јасно дали момчето било повредено од делови од проектил или од пресретнувач.

Засега нема други извештаи за повредени луѓе.

Поврзани новости