Пријавена за исчезната 20-годишна девојка од Албанија која студирала во Скопје

by fokus

Девојка од Албанија која студирала во Скопје вчера била пријавена за исчезната, потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

Од рано утрово по социјалните мрежи се споделува информација дека се бара дваесетгодишната Ени.

Според објавата Енкеледа Чела висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.

-На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

Според неофицијални информации, исчезнатото девојче оставило порака дека „ќе оди на другиот свет“. Засега официјално не се соопштува во кој правец е насочена истрагата.

Поврзани новости