Доцна попладнево кривичната пријава на СДСМ е предадена во Јавното обвинителство. Иако таа беше подготвена уште пред објавата на првиот дел од прислушуваните материјали, сепак партијата избра денеска да ја достави.
Заедно со пријавата се предадени и снимени материјали на ЦД-а на кои се снимени прислушуваните разговори, пред се тие на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ како зборува со новинари, соработници од општина Струмица и партиски колеги. Заев тврди дека бил следен четири години, што значи и за време на последните изборни циклуси.
Пријавата е против Сашо Мијалков, директор на УБК, за кого СДСМ изрази сомнеж дека ги издавал усните налози за следење на илајдници граѓани, против Горан Груевски, началникот на Петта управа, како и проитв НН лица. Сите се посочени дека неовласетено следеле комуникации.
На материјалите кои ги поседува СДСМ, а кои дел беа објавени вчера, има гласови на повеќе од 20 илјади граѓани. Сега Јавното обвинителство ќе назначи обвинител, или тим обвинители со оглед на сериозноста на случајот и ќе одлучува дали ќе отвори истрага, што се наметнува како неопходно.
Со денешната пријава СДСМ не завршува, ќе следуваат и нови, за други лица.