825
Кочанец нападнал вработени во маркет откако му рекле да го напушти бидејќи не носел маска. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 28 април кога триесет и двегодишниот кочанец влегол во маркет каде вработената го опоменала дека треба да носи заштитна маска. Тој почнал да ѝ се заканува, а кога другиот вработен му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.