„Пригожин за шест месеци ќе биде мртов“

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се држи до историјата и ќе се „справи“ со Пригожин, кого го прогласи за предавник по краткиот обид за државен удар на Вагнер.

Ова го изјави Христо Грозев, водечки руски истражувачки новинар, пренесува Index.hr.

„Сите знаат што прават тие Руси поврзани со режимот на Путин со `предавниците`, а Путин не го стори тоа. Тој сака да го види мртов. Се уште не може да го направи тоа“, изјави Грозев за „Фајненшл тајмс“.

Грозев претходно во јануари годинава изјави дека Пригожин ќе го предаде Владимир Путин во рок од шест месеци. Неговото предвидување се претвори во реалност на крајот на јуни, кога Евгениј Пригожин, кој е на чело на Вагнер, го предводеше маршот на Вагнерци кон Москва.

„За шест месеци Пригожин или ќе биде мртов или ќе се случи нов државен удар… Можете да ми го прифатите зборот“ – рече новинарот.

 

Поврзани новости