(ВИДЕО) Меси повторно постигна гол – осми на Аргентинецот во пет натпревари

by Fokus

Аргентинецот Лео Меси беше стрелец за Интер Мајами во уште еден натпревар од Лига Купот на КОНКАКАФ, сега потврдувајќи го триумфот од 4-0 против Шарлот пред крајот на натпреварот.

Тоа беше петта последователна победа за Мајами на ова натпреварување.

Аргентинецот од дебито (Круз Азул) има постигнато барем еднаш во сите пет меча, иако ова, мора да се каже, е споредно натпреварување против МЛС лигата, каде Интер Мајами моментално е на последното место на табелата во Источната конференција.

Интер на 21 август ќе го продолжи натпреварувањето во МЛС против Шарлот, а токму тогаш Аргентинецот ќе дебитира во најсилната фудбалска лига во Северна Америка.

Тој вечерва се најде на вистинското место во вистинско време во 86. минута на асистенција на Кампанија. Тоа беше лесна „егзекуција“ на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Претходно, мрежата на Шарлот во Форт Лодердејл ја затресе Мартинез од пенал во 12. минута, Тејлор во 32., Маланда потоа си постигна автогол во 78. за Меси да стави точка.

Во стартниот состав на Интер покрај Меси се најдоа уште Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Интер Мајами во полуфиналето на Лига купот ќе игра против Филаделфија Унион.

Поврзани новости