730
Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер во видео објавено на Телеграм тврди дека неговите сили ја преземале контролата врз Бахмут.
Пригожин вели дека градот бил под целосна руска контрола од денеска напладне. Во видеото, зад него стојат војници покрај разурнати згради, а во далечината се слушаат експлозии.
Претставници на Украина негираа дека Русите ја презеле контролата и велат дека тешките борби во и околу Бахмут продолжуваат.