Пригожин: Околу 10.000 регрути затвореници загинаа во Украина

by Fokus

Шефот на руската паравоена единица „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска изјави дека околу 10.000 затвореници што ги регрутирал загинале на бојното поле во Украина.

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат со „Вагнер“ во Украина, во замена за ветената амнестија, доколку преживеат.

„Зедов 50.000 затвореници, од кои околу 20 отсто умреа“, рече Пригожин во интервјуто објавено синоќа од блогер близок до Кремљ, Константин Долгов, пренесува Индекс.хр.

Пригожин изјави дека сличен процент од убиените има и меѓу оние што го потпишале договорот со „Вагнер“, но не прецизираше точна бројка.

Според него, украинските загуби биле многу поголеми.

„Имам трипати помалку мртви и околу двапати помалку ранети од украинската армија“, изјави Пригожин.

 

Поврзани новости