Прифатени дел од рестриктивните мерки- работа на локалите до 23 часот, ограничување на бројот на патниците автобусите

by fokus

Работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен на оние што вршат испорака, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Ова се дел од рестриктивните мерки кои попладнево беа усвоени на владината седница, а ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести.

-Владата  ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, соопштуваат од Владата.

На оваа седница Владата ја прифатила и препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри Протоколот за постапување при полагање на стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата со КОВИД-19.

Поврзани новости