429
Барањето да биде ослободен од притвор Зоран Верушевски, првообвинетиот за случајот „Пуч“ е прифатено, дознава Телма.
Судот одлучил да ја прифати кауцијата за да може поранешниот разузнавач да излезе од притвор. Кауцијата е потврдена со гаранција за имот.
Од надлежниот суд за телевизијата изјавиле дека одлуката е донесена, а во текот на денот ќе биде објавена.