Судот го потврди пуштањето на Верушевски и Лазаревски

by Фокус

Надлежниот суд ја укина мерката притвор за првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, и второобвинетиот Ѓорѓи Лазаревски и прифатено е барањето на обвинетите притворот да се замени со понудена гаранција. Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги прифатил предлозите на специјалното јавно обвинителство на обвинетите да им се одземе патната исправа и да им се забрани да го напуштат живеалиштето, односно градот Скопје.

– Советот донесе одлука со која мерката притвор за обвинетите З.В. и Ѓ.Л. се укинува, а предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за прифаќање на предложената гаранција и определување мерки за претпазливост на обвинетите, се уважува – известуваат од судот.

Поврзани новости