Дојде до ненамерна грешка која се случила при варосување во објектот Даут пашин Амам уште пред околу пет години.Редоследот на боите на делото омаж на Андреј Рубљов од Жанета Вангели ненамерно била прикачени со грешен редослед. Грешката е исправена, длабоко се извинуваме, за „Фокус“ изјавија од Националната галерија по настанот со видео-записот на нашиот евровиски претставник Васил Гарванлиев.
Имено, по промоцијата на видео-записот, во јавноста следеа обвинувања дека во позадина на Васил се гледа уметничко дело со идентични бои како бугарското знаме. Вчера за „Фокус“, Гарванлиев појасни дека делото е посветено на Исус и дека нема никаква поврзаност со бугарското знаме. Порача дека Македонија ќе ја претставува со црвено-жолта боја и повика на солидарност.
Од галеријата појаснуваат дека стапиле во контакт со уметничката Вангели и ја образложиле настанатата ситуација. Таа покажала разбирање бидејќи сепак станувало збор за ненамерна човечка грешка. Сепак, оттаму немаат одговор како толку години никој од кустосите не ја увидел грешката во боите на поставката која е комбинирана техника на иверка.
Информираат дека веќе е поведена дисциплинска постапка и уште се извинуваат на македонската јавност со пораката „Уметноста треба да спојува, а не да раздвојува“.
Вики Клинчарова