Во Битола почина творецот на Мал Битолски Монмартр

by Fokus

Утрово во Битола, во 86 година од животот почина Коста Хаџиантоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ и творец на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Богата е професионалната биографија на Хаџиантоновски како познат ликовен педагог, ментор, раководител и организатор на бројни културни манифестации препознатливи во градот, државата и светот.

Хаџиантоновски ќе биде погребан утре.

Поврзани новости