423
При претрес во куќа биле пронајдени 653 штеки на цигари за кои постои сомнеж дека се украдени, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во периодот од 15.20 до 16.50 часот, полициски службеници, по претходно издадена судска наредба, извршиле претрес во куќата на Ш.М. (58) во с.Шипковица, тетовско. При претресот, во куќата биле пронајдени 653 штеки цигари, за кои не поседувал никаков документ за нивна набавка и за кои постои сомнение дека потекнуваат од претходно извршена кражба на друго место. Цигарите биле одземени со потврда за привремено одземени предмети, а Ш.М. бил лишен од слобода.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Ш.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.