509
При експлозијата во фабрика за полнење на плински боци во Богданци, починале три лица, а едно е сериозно повредено, информираат од МВР. Првичната информација беше дека само едно лице е повредено, но сега и официјално е потврдено дека се случила голема трагедија.
Поврдениот поради сериозноста на изгорениците се транспортира кон скопските клиника, а на лице место се уште се екипи на МВР, Брза помош и противпожарната единица.
Повеќе детали за несреќата од МВР најавија подоцна.