591
Вкупно 136 мерки, меѓу кои 20 казни за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 за некористење сигурносен појас и седум за користење мобилен телефон додека се вози, изрече сообраќајната полиција при вчерашната засилена акциска контрола во скопската општина Центар.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.