По Денот на благодарноста САД бележи рекорден број на новозаразени

by fokus

САД трет ден по ред регистрираат рекорден број новозаразени со корона вирусот.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа во САД се потврдени речиси 230.000 нови случаи на Ковид-19, а 2.527 луѓе починале од последици од болеста.

САД вкупно имаат повеќе од 14 милиони потврдени случаи на коронавирус и се на првото место во светот.

Американските здравствени власти предупредуваат на нагло зголемување на бројот на заразени откако милиони Американци минатата недела патуваа за да го прослават празникот Денот на благодарноста, и покрај барањата на властите да останат дома.

Поврзани новости