885
Преземаме стандардни мерки, велат од МВР за обвинувањата на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада и која со слика од полициско возило пред нејзината зграда порача дека „не бега никаде и е дома“.
-Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот, велат од МВР.
Инаку домот на поранешната министерка е веднаш до зградата на Министерството за внатрешни работи.