437
Рочиштето за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска е одложено.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска информираше дека на 12 септември примиле известување од бранителот на Заев дека Заев ќе отсуствува бидејќи е на службено патување во Тирана. Таму Заев учествува на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
На денешното рочиште не се појавија и адвокатот на Заев, Филип Медарски, и сведокот Иван Николов. Следното рочиште е закажано за 22 ноември.